ВИДЕО | Крстарење на небото: Предложен модел за огромен летечки хотел

Фото: YouTube - принтскрин

Беше создаде модел за џиновски „летечки хотел“ на нуклеарна енергија, со теретана и базен кој ќе може да превезува 5.000 патници во неспоредлив луксуз. „Sky Cruise“, пилотиран од вештачка интелигенција, планира да остане во воздух со месеци, а истовремено да се приклучува за да превземе нови патници или да спушти кој било од авионот, пренесува „NY Post“.

Футуристичкиот хибрид помеѓу авион и хотел  кој има 20 мотори напојувани од нуклеарна фузија е дизајниран никогаш да не слета.

Хашем Алгаили, кој ја создаде неверојатно деталната макета на авионот-чудовиште, вели дека крстарењето на небо „може да биде иднината на транспортот“. Дизајниран да работи 24/7, Алгаили дури додава дека поправките ќе се вршат во текот на летот за прв пат во авијацијата.

И, на прашањето колку луѓе ќе бидат потребни за да управуваат со овој гигантски авион, тој рече: „Сета оваа технологија, а вие сè уште сакате пилоти? Верувам дека ќе биде целосно автономна“.

И покрај плановите за возење без луѓе, на „Sky Cruise“ сè уште ќе треба многу персонал во бродот да кој ќе ги задоволува потребите на патниците.

Многу деталното видео ветува и ресторани, огромен трговски центар, теретана, театар, па дури и базен. Па дури и дека ќе биде совршено место за свадба, доколку сте доволно храбри. И би било совршено бидејќи „Sky Cruise“ нуди панорамска сала, која нуди неверојатен поглед од 360 степени кон надвор.

Некои го нарекоа концептот „нов Титаник“, посочувајќи многу проблеми со неговиот дизајн.

Огромниот авион би имал проблеми со полетувањето и би бил далеку од аеродинамичен. Други, исто така, укажаа на недостатоците во неговата тежина, велејќи дека ако авион напојуван од нуклеарен реактор се урне, може да уништи град.

Фото: YouTube – принтскрин

Еден нервозен патник рече: „Одлична идеја да се стави нуклеарен реактор во нешто што може да не функционира и да падне од небото“. Додека некој друг коментираше „Сигурен сум дека ќе можам да си дозволам билет за најниската палуба без простор за нозете и без пристап до салонот“.

Додека многумина имаат високи надежи за огромниот хотел, „Sky Cruise“ е сè уште далеку во иднината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот