ВИДЕО | Крос: Сигурни ли сте дека тоа е Серхио Агуеро?

Манчестер сити му направи статуа на легендарниот Серхио Агуеро/Фото: Принтскрин/Youtube/Sky Sports News

Фудбалскиот клуб Манчестер сити му ја претстави статуата на еден од најдобрите играчи во својата историја, а местото пред стадионот го доби Серхио Агуеро во карактеристична поза.

Во чест на неговиот гол, со кој на клубот му ја донесе титулата во Премиер лигата пред точно една деценија, „Граѓаните“ се обидоа да прикажат детал во кој Аргентинецот го прославува голот против Квинс Парк Ренџерс.

На прв поглед многумина помислија дека тоа не е аргентинскиот напаѓач кој со години го носеше дресот на англискиот тим, туку Тони Крос! Дури и играчот од средниот ред на Реал Мадрид се огласи преку социјалните мрежи.

„Сигурно?“ – на Твитер напиша Германецот познат по одличната смисла за хумор и честите разговори со фановите на оваа социјална мрежа.

Ситуацијата е уште поинтересна кога ќе се има предвид дека Крос играше за Реал на дуелот со кој заврши европската сезона на Сити.

Иако имаа гол предност од првиот меч и водство во Мадрид, играчите на Пеп Гвардиола примија два гола за една минута, а потоа и третиот во продолжението и поради него не се пласираа во финалето на Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот