ВИДЕО: „Кроација Рекордс” и „Тесла мјузик” донираа средства за „План Б Фондација”

Донација од Фондацијата План Б за музичарите/ Фото: План Б

Неодамна во Белград беше основана Фондацијата План Б, со цел да им се помогне на професионалните музичари. И веднаш, оваа иницијатива ја подржаа многубројните регионални музичари – македонските Влатко Стефановски и Тамара Тодевска, како и Звонимир Ѓукиќ – Ѓуле од „Ван Гог”, Драги Јелиќ од „ЈУ група”, Дадо Топиќ, Дејан Цукиќ, Ален Исламовиќ, Горан Шепа Гале од „Кербер”, Маја Сар…, како и Бајага и Миа Димшиќ, нова голема регионална ѕвезда.

Со цел што побрзо да профункционира Фондацијата, првиот човек на „Кроација Рекордс” – Желимир Бабогредац вчера во Белград веќе ја врачи првата поголема донација – чекот од 1.500.000 динари (околу 13.000 евра), што претставува донација на „Кроација Рекордс” и „Тесла мјузик”, кои, меѓу првите ја препознаа хуманитарната иницијатива и ангажман на Фондацијата.

Донација од Фондацијата План Б/ Фото: План Б

Музичарите Звонимир Ѓукиќ и Драги Јелиќ веќе ги снимија своите синглови „Зрно чаролије” и „Загледан”, кои ќе се најдат на албумот „ПЛАН Б”, додека Миа Димшиќ со иста цел штотуку ја реализираше својата нова песна.

Фондацијата План Б ја основаше Зоран Коневиќ од „Тесла Мјузик”, кој живее и работи во Торонто и со години наназад им помага на колегите, што само беше поттик за основање на Фондацијата. Преку видеолинк, на доделувањето на донацијата, тој им порача на присутните:

– „Му благодарам на Желимир Бабогредац на партнерство и на пријателство. Заедно сме посилни. Оваа донација, која е почеток, нека им помогне на луѓето, и ним да им го разубавиме животот”.

Првиот човек на „Кроација Рекордс” – Желимир Бабогредац истакна дека: „Соработката меѓу Фондацијата План Б и Кроација Рекордс е сосема природна и очекувана. Во годината кога Кроација Рекордс одбележува 75 години постоење, нашата мисија е да ги поддржиме вакви хуманитарни проекти”.

Видео на денот