ВИДЕО: Кремонезе е хит во Купот на Италија, а во Серија А 21 меч не знае за победа

фото: EPA-EFE/SIMONE VENEZIA

Кремонезе сезонава е најголемото изненадување во Италија, поточно во Купот каде што стигна до полуфиналето кое ќе го игра во април против Фиорентина.

Играчите предводени од тренерот Давиде Балардини елиминираа врвни екипи во куп натпреварувањето како Рома и Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Но, во Серија А од стартот на сезоната клубот од Кремона не знае за победа и е најголем кандидат за испаѓање од лигата.

Претрпеа нов пораз овојпат во рамките од 21 коло од составот на Лече кој славеше со резултат 0:2. Стрелци на головите беа Баскирото во 58 и Стрефеца во 69 минута.

На табелата Лече е на 14 позиција со 23 бодови, колку што има и Јувентус на 12 место, додека Кремонезе е на последното 20 место со осум бодови, 10 помалку од Специја на 17 место која е во безбедната зона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот