ВИДЕО: Крег Досон со автогол го израдува Манчестер јунајтед!

Фото: EPA-EFE/Peter Powell / POOL

Фудбалерите на Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ со резултат 1:0 го совладаа Вест Хем во натпреварот од 28 коло во Премиер лигата.

Составот на Оле Гунар Солскјер со оваа победа повторно е зад Манчестер сити кој е далеку пред градскиот ривал. Домаќините на денешниот натпревар славеа после автоголот во 53 минута, делоа на Крег Досон.

Рашфорд ја уфрли топката во казнетиот простор, следуваше корнер кој го изведе Фернандеш и потоа Досон во обид да ја отстрани опасноста, ја смести топката во сопствената мрежа.

Верувале или не, во првото полувреме Вест Хем немаше ниту еден шут кон противничкиот гол, а во вториот дел седумпати шутираа кон голот на ривалите.

На табелата „црвените ѓаволи“ се наоѓаат на втората позиција со 57 бодови, додека „чеканите“ се петтопласирани со 48.

ВИДЕО: Прекрасна „рабона“ на Ламела, на крајот се радуваше Арсенал!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот