ВИДЕО | Крастев: За првпат Бугарија избра претседател со многу малку гласови, Радев останува на истите ставови кон РСМ

Николај Крастев,
Николај Крастев, бугарски новинар/ Фото: Слободен печат

 По вториот круг од претседателските избори во Бугарија, Румен Радев е реизбран на челната позиција во земјата. Тој доцна синоќа објави победа, им се заблагодари на соработниците и оцени дека демократијата во Бугарија функционира. Неговиот противкандидат, поддржан од ГЕРБ на Бојко Борисов, Анастас Герџиков, го призна поразот и му ја честиташе победата.

– Изненадување беше дека нема голема излезност. Се очекуваше вториот круг да има поголема излезност по изјавата на Радев дека Крим е руски, независно што е под окупација. Се очекуваше дека тоа ќе ги мобилизира антируските сили во Бугарија да бидат против него во тоа. Но се виде дека демократските сили масовно гласааа за Радев. Излезноста беше 30%, и за првпат по 30 години избран е претседател на Бугарија за кој гласале многу малку луѓе изјави за „Утрински брифинг“, Николај Крастев, дописник на МИА од Софија.

Тој објасни и каде противкандидатот Герџиков ја изгубил довербата од гласачкото тело во Бугарија.

– Претседателот Румен Радев на крајот на претходниот парламент кога почнаа да се договораат за новите избори, го запраша лидерот на ДПС која е неговата татковина – Бугарија или Турција. Тогаш ДПС се налутија и изглегоа од тие преговори. ДПС имаше свој претседателски кандидат по 30 години и тоа Турчин, но факт е дека бугарското општество не прифати претседателски кандидат кој е поврзан со ГЕРБ и ДПС и затоа професорот изгуби на изборите, додава Крастев.

– Синоќа претседателот Радев кажа дека нештата кон Северна Македонија нема да се променат. Но треба да видиме во реалната политика како ќе биде. Темата останува отворена. Ќе бидат интересни наредните седмици во Бугарија, рече Крастев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот