ВИДЕО: „Кралски“ пресврт на Реал против Севиља

Реал Мадрид останува лидер на табелата во Ла Лига/ фото: EPA-EFE/Ballesteros

Во дербито на 15 коло од Ла Лига, фудбалерите на Реал Мадрид со пресврт ја совладаа Севиља со 2:1.

Работите не тргнаа добро за „кралскиот клуб“ бидејќи гостите од Андалузија во 12 минута преку Рафа Мир поведоа со 0:1.

Фудбалерите на Севиља по постигнатиот гол, не се повлекоа и продолжија со нападите, новиот шут на Мир го одбрани Тибо Куртоа, додека шутот на Окампос заврши во пречката.


Казната за промашувањата дојде во 32. минута кога по шутот на Менди, во казнениот простор најдобро се снајде Бензема кој донесе израмнување на резултатот.

Во вториот дел и двете екипи имаа свои моменти, но на крајот се радуваа „кралевите“ кои дојдоа до победата со гол постигнат во 87 минута. Стрелец на победничкиот гол беше Винисиус Жуниор.

Со победата Реал и трите бода, Реал Мадрид е лидер на табелата со освоени 33 бодови, четири повеќе од Атлетико Мадрид кој со 4:1 го декласира Кадиз. Севиља остана на четвртото место со 28 бодови.

Видео на денот