ВИДЕО: „Кралот“ Џејмс на колена поради судиската грешка на натпреварот против Бостон

фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Лос Анџелес лејкерс сезонава нема најдобри резултати, доцна синоќа во НБА лигата го претрпе и 27 пораз откако загуби на гостувањето кај Бостон селтикс со 125:121 по едно одиграно продолжение.

Овој меч во „ТД Гарден“ можеше да заврши и во регуларниот дел, а тоа најдобро го знаеше еден од најдобрите играчи на Лејкерси, Леброн Џејмс.

Ретко го гледаме „Кралот“ на колена, во неверување поради судиска грешка на натпреварот со Селтикси.

Во последните секунди Џејмс при резултат 105:105 беше во добра можност да поентира, јасно се гледа на снимката како Џејсон Тејтум удира во неговата рака, но судиите не досудија ништо.

Соиграчот на Џејмс, Патрик Беверли дури притрча до судиите со камера во рака за да им покаже дека Тејтум направил прекршок.

Ништо од ова не помогна, дури Беверли доби и техничка грешка, а во продолжението Бостон имаше уште повеќе енергија и на крајот на своите навивачи кои се надеваат на титулата бидејќи го имаат најдобриот скор во цела НБА (36-15).

НБА лига, резултати

Детроит – Хјустон 114:117
Орландо – Чикаго 109:128
Атланта – ЛА Клиперс 113:120
Минесота – Сакраменто 117:110
Њу Орлеанс – Вашингтон 103:113
Сан Антонио – Феникс 118:128 (110:110)
Бостон – Лос Анџелес лејкерс 125:121 (105:105)
Јута – Далас 108:100
Портланд – Торонто 105:123

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот