ВИДЕО | Кралот Чарлс прави сирење на фарма во Германија

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Британскиот крал Чарлс со сопругата Камила е во посета на Германија. Тоа е негово прво патување во странство откако стана британски крал. Кралот посетил органска фарма и помогнал да се направи специјално сирење кое ќе му биде посветено нему.

„Слушнавме дека кралот е голем љубител на сирењето. Ја искористивме како прилика да му направиме сирење“, рече Катја фон Малцан, која ја води фармата Бродовин со својот сопруг, на околу 80 километри од главниот град на Германија. пишува AP News.

Бродовин Кинг е сирење во стилот на Тилситер, со сок од морков за да му даде „малку сладост и портокалова боја, како британскиот чедар“. Освен сирење, фармата произведува и зеленчук, млечни производи, ленено и сончогледово масло, свежо месо и колбаси, сето тоа според строги органски стандарди.

При пристигнувањето на фармата, британскиот крал го обиколи имотот, каде што има 160 молзни крави, 300 молзни кози и 1.800 кокошки. Поради силниот дожд, кралот не отишол во шталата, туку времето го поминал во млекарницата.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

„Некако заглавивме во млекарницата. Но, тоа ни даде шанса да разговараме малку со кралот, што инаку можеби не беше можно“, рече Катја. Земјоделците планираат да произведат околу 150 пити кралско сирење, кое ќе треба да созрее шест до осум недели пред да биде подготвено за јадење.

На земјоделците им било голема чест, велат, што кралот решил да дојде на нивната фарма. Кралот разговарал и со вработените во фармата и им поставувал прашања за органското земјоделство. „Разговаравме за кравјото ѓубриво и колку е добро за почвата“, рече Катја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот