ВИДЕО: Кралицата им постави прашање на лидерите на Г-7, па сите почнаа да се смеат

Фото: EPA-EFE/ANDREW PARSONS/DOWNING STREET / HANDOUT This image is for Editorial use purposes only. The Image can not be used for advertising or commercial use. The Image can not be altered in any form. Downing street handout. HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Британската кралица Елизабета која синоќа приреди прием во чест на лидерите на Г-7, ги насмеа присутните кога на шега при позирање за заедничката фотографија ги праша дали треба да „изгледаат како да уживаат“.

Велика Британија е домаќин на самитот на лидерите на Г-7, која, како што наведува Дејли мејл, настојува кралски да ги шармира своите гости на приемот во Корнвол.

Како што се додава, природната духовитост на 95-годишната кралица изгледа дека веќе ги придоби лидерите кога за време на позирањето ги праша: „Треба да изгледате како да уживате?“

Кога лидерите почнаа да се смеат, британскиот премиер Борис Џонсон на шега и одговори: „Уживаме, и покрај изгледот“.

Приемот за светските лидери е прв поголем јавен настан на кој присуствуваше кралицата од смртта на сопругот, принцот Филип во април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот