ВИДЕО: „Кралевите“ славеа против Барса во евролигашкото Ел Класико

фото: EPA-EFE/Juan Carlos Hidalgo

Кошаркарите на Реал Мадрид по едно продолжение ја надиграа Барселона со 91:88 (16:20, 16:19, 18:20, 23:14, 18:13) во рамките од 21 коло во Евролигата.

По три периоди се чинеше дека Каталонците ќе го забележат третиот последователен триумф против Реал, но потоа Серхио Љуљ се разбуди во четвртата четвртина. Го водеше својот тим кон враќање во натпреварот, со поени му се придружи Габриел Дек, а Реал успеа да поведе со три разлика на три минути до крајот.

Нокаутираната Барселона ја спаси Кори Хигинс со пет врзани поени, но Марио Хезоња и Љуљ го одведоа „Ел Класико“ во додатни пет минути. Во нив Џанан Муса се разбуди од никаде и едноставно доминираше на теренот.

Дек беше најефикасен во мадридскиот тим со 23 поени, Љуљ додаде 19, а Муса 18. За Барса Миротиќ беше подобар од останатите со 17 поени, а чешкиот тандем Јан Весели-Томаш Саторански постигна по 12. Реал сега оствари значајна победа во битката за првото место и моментално е на скор 14-7, додека Барселона е на учинок од 13 победи и осум порази на четвртото место.

Во останатите мечеви одиграни во четврток: Алба Берлин – Валенсија 88:94, Лион Вилвербан – Фенербахче 91:77, Монако – Олимпиа Милано 101:88 и Панатинаикос – Жалгирис Каунас 89:65.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот