ВИДЕО: „Кралевите“ газат сè пред себе во Ла Лига

Фудбалерите на Реал Мадрид се во серија од шест победи по ред во Ла Лига/ фото: EPA-EFE/Javier Etxezarreta

Фудбалерите на Реал Мадрид и вечерва ја потврдија одличната форма во која се наоѓаат, славејќи со 0:2 на гостувањето кај Реал Сосиедад.

„Кралевите“ во последните осум меча, имаат скор од седум победи и едно реми и се лидери на табелата во Ла Лига со 39 бода, осум повеќе од второпласираната Севиља.

Човек на одлука беше српскиот репрезентативец Лука Јовиќ кој беше стрелец на еден гол и имаше една асистенција.

Резултатот го отвори Винисиус Жуниор на стартот од второто полувреме по асистенцијата на Јовиќ. Во 57 минута, токму Јокиќ го постави конечниот резултат.

Видео на денот