ВИДЕО: Крај за Адеми и Ристовски, Јунајтед за финале против Рома!

Македонскиот репрезентативец Адеми и натаму не е доволно опоравен од повредата/Фото: EPA-EFE/Domenech Castello

Вечерва ги дознавме сите учесници во полуфиналето на Лига Европа, тие се Рома, Манчестер јунајтед, Арсенал и Виљареал.

Рома триумфираше на првиот меч како гостин против Ајакс (2:1), а денеска на стадионот „Олимпико“на реванш четвртфиналниот дуел немаше победник (1:1).

Холанѓаните поведоа со голот на Броби во 49 минута, а за погодокот за римската „волчица“ го реализираше Џеко (72`).

Манчестер јунајтед со ист резултат 2:0 триумфираше и на „Олд Трафорд“ против Гранада, новиот триумф за „црвените ѓаволи“ беше запишан преку Кавани во шестата минута, а во финишот автогол си постигна Ваљехо.

По првите 90 минути Арсенал се наоѓаше во незгодна позиција поради нерешените 1:1 против Славија Прага, но играчите на Микел Артета не дозволија никакво изненадување и славеа во Чешка со убедливи 0:4.

Лаказет двапати се запиша во листата на стрелците (21`, 77`), а по еднаш Пепе (18`) кој ја стартуваше гол-серијата и Сака (24`).

Динамо Загреб после поразот на домашен терен од 0:1 против Виљареал, немаше друга опција освен анулирање на негативата во Шпанија, но „модрите“ не ја остварија целта и претрпеа уште еден пораз, овојпат со резултат 2:1. За домаќините погодоците беа дело на Алкасер и Морено, додека за хрватскиот претставник стрелаше Оршиќ.

Македонските репрезентативци за Динамо Загреб беа стартери, Аријан Адеми настапи до 82 минута кога беше заменет од Мишиќ, а Стефан Ристовски играше до 62 минута кога на негово место во игра влезе Стојановиќ.

Лига Европа 2020/2021

Полуфинале, двојки –
(29 април/6 мај 2021 год.)

Манчестер јунајтед – Рома
Виљареал – Арсенал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот