ВИДЕО: Крај на сослушувањето, во сабота паѓа одлуката за притвор за Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ очекува да игра повеќе мечеви во Белград отколку во Монте Карло/ фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Министерот за миграција Алекс Хок донесе одлука да му се укине визата на Новак Ѓоковиќ. Во продолжение дознајте ги сите настани околу првиот светски рекет за тоа дали ќе настапи на првиот грен слем сезонава на „Австралија опен“.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ не доби виза! Во тек е итно рочиште пред судот во Мелбурн за случајот со Ѓоковиќ пред судијата Ентони Кели, кој на првото рочиште ја поништи одлуката за укинување на австралиската виза за првиот тенисер во светот.

– ЗАВРШИ СОСЛУШУВАЊЕТО, УТРЕ ЌЕ СЕ ЗНАЕ ОДЛУКАТА ЗА ПРИТВОР ЗА ЃОКОВИЌ

Судијата Ентони Кели го заврши денешното сослушување, утре паѓа одлуката за притвор за најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ.

Федералниот суд ќе одлучи дали Новак Ѓоковиќ ќе игра на Австралија опен. Пред тоа Новак ќе биде сослушан пред граничните сили.

Српскиот тенисер ќе се појави на судското рочиште вечерва во 22 часот по средноевропско време, односно во 8 часот по локално време – дотогаш неговите претставници се обидуваат да ја оспорат одлуката на министерот за укинување на визата.

– НОВА ПАУЗА, СЕ ДОГОВАРА ПРИТВОР ЗА ЃОКОВИЌ

Судијата Ентони Кели предложи пауза од пет минути за да можат двете страни да се договорат за притворот за Новак Ѓоковиќ.

– Не можете да барате од мене да посредувам во ова (тајна локација каде Новак ќе биде во притвор) – рече судијата Кели, давајќи им на двете страни пет минути да се договорат за локација за притвор.

– ПРОДОЛЖУВА СОСЛУШУВАЊЕТО КОЕ ГО СЛЕДАТ ОНЛАЈН НАД 60.000 ЛУЃЕ

Судијата Ентони Кели бара од застапникот Новак Ѓоковиќ да поднесе официјално барање и изјава под заклетва. Тој го задолжи и министерот Алекс Хок да не презема, ниту пак се обидува да преземе какви било чекори во врска со депортацијата на српскиот тенисер.

Од друга страна, адвокатот на Ѓоковиќ предложи Новак да биде одведен во имиграциски притвор на „тајна локација“ до почетокот на судењето. Ник Вуд го дал овој предлог поради „медиумскиот циркус“ кој трае со денови.

– Сослушувањето продолжува, еве што знаеме досега:

1. Австралиската влада го прифати предлогот да се одложи депортацијата на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ од Мелбурн, кому му беше укината визата.

2. Адвокатот на австралиската влада Стивен Лојд изјави дека владата нема да покрене постапка за депортација. Тој рече дека за него е прифатлив распоредот според кој ќе се одржи целосното рочиште во недела.

3. Ѓоковиќ вечерва по средноевропско време, а в сабота наутро по локално време во Мелбурн ќе оди да разговара со имиграциските власти и дотогаш нема да биде во притвор.

Се договара нов притвор за најдобриот светски тенисер/Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

4. Лојд му предложи на Ѓоковиќ потоа да биде со неговиот тим на адвокати, доколку двајца гранични полицајци се на ист кат, но тој да оди во притвор за имиграција по сослушувањето. Српскиот тенисер би бил приведен во текот на ноќта, а потоа во недела би бил вратен на распит во адвокатската канцеларија.

5. Адвокатот на Ѓоковиќ, Ник Вуд, рече дека прифаќа дека владата има право да го приведе неговиот клиент, но предупреди на „медиумски циркус“ доколку тоа се случи.

6. Адвокатскиот тим на Ѓоковиќ изјави дека секоја минута е драгоцена во овој процес, бидејќи Австралија опен започнува во понеделник.

Сагата околу Новак Ѓоковиќ продолжува/ фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Судијата Кели привремено го прекина сослушувањето, воедно побара доказ за причините за депортацијата и укинувањето на визата, додека адвокатот на Ѓоковиќ одговори дека „доказите се во целосна спротивност што ги изнесе делегатот на аеродромот“. Исто така, Ник Вуд забележува дека министерот при донесувањето на одлуката размислувал само за тоа „како народот ќе реагира на антиваксер“ доколку му се дозволи на Новак да остане и посочува дека не размислувал за ефектот од исфрлањето на Ѓоковиќ од земјата.

Судијата Антони Кели потсетува на правилата за вакцинација. Тој, исто така, забележува дека општа обврска е на секој што ќе стапне на австралиско тло да се вакцинира или да има „медицинско ослободување“.

Се чини дека во овој случај постои одредена конфузија која итно треба да се реши, за да се оцени дали имало правилно разбирање на принципите. Ако имало исклучок, доколку Новак имал валидна патна декларација и ако се даде „зелено светло“, тогаш тој дел од случајот ќе остане нерешен.

– Стивен Лојд, заменик-министерот за имиграција Алекс Хок, вели дека министерот нема да бара депортација додека не заврши судењето. Но, тој побара и Ѓоковиќ утре во 8 часот по локално време да биде однесен во хотелot за мигранти, истакнувајќи дека таму има просторија каде што можат да го посетат адвокатите, па сигурно ќе имаат можност заедно да работат на случајот.

Неизвесно и натаму дали Новак Ѓоковиќ ќе настапи на „Австралија опен“/Фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT

Адвокатот на Ѓоковиќ, Ник Вуд, ги побара истите барања како и во претходната постапка – да се укине одлуката за укинување на визата и да се ослободи. Тој рече и дека барањето сакаат да го поднесат до вечерва во 22.15 часот по локално време.

Вуд изрази загриженост и за краткото време што Новак го има до почетокот на Австралија опен и дека евентуалното одложување на судењето би било „губење“ на драгоцено време.

Новак Ѓоковиќ целосно фокусиран на тенисот и сака да игра на „Австралија опен“/Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Вуд му предложи на судијата Кели да дозволи Новак утре да биде со неговиот правен тим за заедно да учествуваат во случајот. Претставникот на Ноле смета дека би било апсурдно тој да преноќи во неговото изнајмено сместување, а следниот ден да се случи нешто поинаку.

Адвокатот на Ѓоковиќ побара рочиштето да не трае повеќе од 60 минути, сите барања да бидат поднесени утре рано наутро, а судењето да заврши во 22 часот по локално време (12 часот по средноевропско време). Вуд рече и дека биле во недостиг на време за размислување поради министерот Алекс Хок, кој ја одложил одлуката, но истакна и дека австралиските медиуми пишуваат дека министерот долго време донел одлука поради „комплицираната документација што ја доставиле адвокатите на Новак“.

Ѓоковиќ и – не е можно!?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот