ВИДЕО: Крај на сезоната за Јокиќ, „воините“ пресилни за Денвер

Кари и „воините“ беа пресилни во плеј-офот за Денвер и Јокиќ/ фото: EPA-EFE/D. ROSS CAMERON

Кошаркарите на Милвоки бакс и Голден Стејт вориорс обезбедија пласман во втората рунда од плеј-офот во НБА лигата откако утринава славеа над Чикаго односно Денвер.

Актуелниот шампион Милвоки бакс со 116:100 го совлада Чикаго во петтиот натпревар и победи во серијата со 4:1 и си закажа пресметка со Бостон селтикс кој „го измете“ Бруклин. Откако загубија во вториот натпревар, кошаркарите на Милвоки во наредните три натпревари остварија убедливи победи со 70 поени разлика.


Последната победа изнесуваше 16 поени разлика. Најдобар во редовите на Милвоки беше Јанис Адетокумпо со 33 поени и 9 скокови, а се истакнаа и Пет Конатон со 20 поени и Боби Портис со 14 поени и 17 скокови.

Кај Чикаго се истакна Патрик Вилијамс со 23 поени, додека Никола Вучевиќ имаше учинок од 19 поени и 16 скокови.

Голден Стејт обезбеди пласман во полуфиналето во Западната конференција откако со триумфот од 102:98 дојде до конечни 4:1 во победи против Денвер нагетс.  Кошаркарите на Денвер дадоа силен отпор во петтиот натпревар, на крајот од третиот дел водеа со 70:78, но во последната четвртина првата ѕвезда на екипата Никола Јокиќ не доби поддршка во нападот.

Херој на „воините“ беше Гери Пејтон јуниор кој одигра одлично во одбрана врз Морис и во последната четвртина даде 10 поени, вклучувајќи ја и тројката на 66 секунди до крајот со која Голден Стејт отиде на плус пет.

Стеф Кари беше најпрецизен кај Голден Стејт со 30 поени, а Клеј Томпсон даде 15, додека кај Денвер прво име беше Никола Јокиќ со 30 поени и 19 скокови, а се истакна и Демаркус Казнс со 19 поени.

Голден Стејт во полуфиналето на Западната конференција ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Мемфис и Минесота во кој резултатот е 3:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот