ВИДЕО: Крај на една ера, Рожер Федерер во солзи ја заврши богатата славна кариера

Рожер Федерер го одигра последниот меч во двојки заедно со Рафаел Надал/Лондон, Британија/23 септември 2022/фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Рожер Федерер официјално ја заврши професионалната тениска кариера. После 1527 мечеви, 1252 победи, 310 недели на врвот на АТП листата, 103 трофеи, 31 пат во грен слем финалните мечеви, 28 Мастерс титули, 20 грен лем титули, пет години кои ги завршуваше како број еден, легендарниот Швајцарец се збогуваше со професионалното играње тенис.

Последниот меч го имаше на „Лејвер купот“ во Лондон, во двојки заедно со неговиот голем ривал во текот на кариерата, но и голем пријател Рафаел Надал за „Тимот на Европа“.

Публиката во Лондон го очекуваше победнички Федерер да ја заврши кариерата, но тоа не го дозволија Американците Џек Сок и Френсис Тиафо од „Тимот на Светот“.

Првиот сет го освоија Федерер и Надал со 6:4, возвратија Сок и Тиафо со израмнување во вториот сет кој го добија во тај-брејк со 7:2. А во третиот супер тај-брејк Сок и Тиафо славеа со 11:9.

„Тимот на Светот“ израмни на 2:2 по првиот ден на „Лејвер купот“, претходно првиот поен остатокот од светот го донесе Алекс Де Минор со триумфот над Енди Мареј, а поените за „Тимот на Европа“ ги освоија Каспер Руд и Стефанос Циципас кои беа подобри од Џек Сок, односно Диего Шварцман.

фото: EPA-EFE/ANDY RAIN
фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

– Беше прекрасен ден. Им кажав на момците дека сум среќен, а не тажен. Прекрасно е чувството да се биде овде. Уживав, сè беше за последен пат за мене. Немав толку стрес, но нешто ќе мора да ме повреди – на шега изјави Рожер по мечот во двојки.

Среќен е што го одигра последниот меч во кариерата делејќи го теренот со Рафа Надал.

– Тоа е неверојатно, фантастично. Не сакав да се чувствувам сам на теренот, кога се поздравував секогаш мислев дека сум тимски играч. Синглот не ви дозволува да играте заедно, но често правеа големи работи и Новак, Рафа, Каспер, ми беше големо задоволство да играат на „Лејвер купот“ со вас. Чувството е како славје, така се надевав дека ќе биде и така се чувствувам – беа зборовите на Федерер.

На почетокот на кариерата не можеше ни да сонува дека ќе достигне такви височини.

– Никогаш не требаше да биде така, сакав да играм тенис и да поминувам време со моите пријатели. Се разбира, тоа беше совршено патување и јас би го направил тоа одново. Толку многу луѓе ме бодреа, а тоа што го правите вечерва ми значи многу – рече Швајцарецот.

ВИДЕО: Човек си ја запали раката среде тениски меч на „Лејвер купот“ во Лондон!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот