ВИДЕО: Крај и за Надал, Медведев во финалето против Тим!

Рафаел Надал и Данил Медведев ќе играат за трофејот на „Австралија опен“/Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

На Завршниот АТП турнир во Лондон во второто полуфинале Данил Медведев триумфираше против Рафаел Надал со 2:1 во сетови. За Медведев ова ќе биде прво финале на овој турнир.

Шпанецот иако успешно го започна мечот освојувајќи го првиот сет со 6:3, наредните два ги доби Русинот со 7:6 (4) и 6:3 и така го продолжи фуриозниот налет на завршниот Мастерс.

Ретко се случува во еден ден да бидат поразени едни од најдобрите тенисери во светот, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Медведев за трофејот в недела ќе игра против Доминик Тим кој во првиот полуфинален меч го елиминираше првиот светски рекет Ѓоковиќ.

До сега Тим и Медведев се сретнаа четири пати, три победи забележа австрискиот натпреварувач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот