ВИДЕО: Ковид вакцината, како и секоја друга се прима во општа добра здравствена состојба

Правилото за примање вакцина како за сите други вакцини така и за ковид вакцината – се прима во општа добра здравствена состојба, рече денеска д-р Александра Грозданова, претседателка на Комитетот за имунизација при Министерството за здравство на прес-конференција.

Пациенти кои прележале ковид, додава, во зависност од состојбата во која што се наоѓаат и временскиот период секако дека ќе можат, доколку сакаат, да ја примат ковид вакцината, но имајќи предвид дека ќе имаме приоритетна листа ќе треба на некаков начин да се приоретизираат токму тие категории.

Приоритет ќе имаат здравствените работници директно изложени во работа во ковид центрите, микробиолошките лаборатории, оние кои ги тестираат и потоа хронично болните. Од хронично болните ќе се прави приоретизација во зависност од нивната здравствена состојба, најчесто кардиоваскуларните, респираторните и малигните заболувања, а еден од параметрите ќе биде и возраста кај пациентите, односно приоритет ќе се даде на повозрасната група пациенти. Во моментов децата со оваа категорија на вакцини не се опфатени.

-Тоа што сега го гледаме, бидејќи ги добиваме резултатите само од клиничките испитувања, дека веќе после 21 ден од втората доза би можело да се очекува покачување на титарот на заштитни антитела. Кога вистински ќе дојде ќе биде индивидуално, но како за секоја една вакцина, после примање на втората доза, најмлаку во тој период од еден месец би се очекувал заштитниот ефект на вакцината, рече Грозданова.

Вакцината нема да биде задолжителна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот