ВИДЕО | Ковачки смета дека се потребни парламентарни избори, Деспотовски тврди дека СДСМ не бега од соочување

Драган Ковачки и Јован Деспотовски
Драган Ковачки и Јован Деспотовски во емисијата „Клик плус“ / Фото: Скриншот, Јутјуб

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во дебатната емисија „Клик плус“ на телевизија 21 истакна дека потребни се парламентарни избори.

– Составот на Парламентот, односно составот на пратениците не ја рефлектира волјата на граѓаните на последните избори, затоа бараме брзи предвремени парламентарни избори, посочи Ковачки.

Од друга страна, директорот на ТИРЗ и можен кандидат за лидер на СДСМ, Јован Деспотовски истакна дека СДСМ е сериозна и голема политичка партија, така што предизвик и соочување со политички опоненти не бегале и нема ни да избегаат.

– Сега дали е тоа потребно на државата, тоа е друго прашање. Она што нашиот политички опонент го доживува како успех, може треба да го гледаме малку пореално. Прво, нашиот политички опонент освои помалку гласови на локалните избори во однос на парламентарните избори. Второ, неуспех е и за двете политички партии бидејќи над 150 000 граѓани останаа дома. Тоа значи дека ако сме двете најголеми и најодговорни политички партии во оваа држава, тогаш треба да размислиме како ние придонесовме за таа ситуација и како ќе ги вратиме овие луѓе назад во демократскиот процес, вели Деспотовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот