ВИДЕО | Ковачиќ со видео порака го расплака Адеми

Хрватскиот гигант, Динамо Загреб во голем стил се прости од Аријан Адеми кој по 13 години ги напушти „модрите“ и продолжува во Кина, во тимот на Пекинг Гуан.
Адеми по вечерашниот натпревар против Малта ќе се упати за Кина каде што треба да биде промовиран. Динамо објави специјално видео посветено на својата легенда. Во видеото Адеми зборува и за некои моменти од неговата кариера, а најтежок како што е познато е допинг аферата.
„Беше навистина голем шок за мене. Тогаш бев со репрезентацијата, ме повика селекторот и ми ги кажа тие ужасни вести. Тоа беше најтежок период во кој морав да се борам да ја докажам вистината. Паузирав цели две години и се вратив во натпреварот Македонија – Лихтенштајн кога и постигнав гол.
Во еден дел од интервјуто, Адеми и слуша пораки кои пристигнуваа од негови поранешни соиграчи. Посебни емоции кај Адеми предизвика пораката на фудбалерот на Челси, Матео Ковачиќ.
„Аки, брате мој. Драго ми е што бев дел од твојата величенствена кариера во Динамо и што можам да те наречам пријател. Знам колку ти значи Динамо и дека не ти е лесно да го напуштиш, покажа како треба да се однесува еден капитен. Ти благодарам што на младите им покажа каков треба да се биде на теренот, но и надвор од него.