ВИДЕО | Ковачевски за клубот „Ванчо Михајлов“: Го разбирам и го чувствувам гневот на граѓаните

димитар ковачевски
Премиерот Димитар Ковачевски / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Премиерот Димитар Ковачевски во видеообраќање преку социјалните мрежи се осврна на, како што вели, „провокациите што по повод отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола поттикнаа говор на омраза и недоверба меѓу двете страни“.

Ковачевски вели дека жали што со последната посета на бугарската делегација во Битола „се разбудија духовите од минатото, поттикнувајќи го повторно говорот на омраза и недовербата против кои успешно се боревме“.

-Оттука, целосно го разбирам и чувствувам гневот на граѓаните во изминатите денови. Нашата држава ја стекна својата независност по Втората светска војна во која граѓаните учествуваа во антифашистичката народноослободителна војна. Антифашистичката определба на граѓаните е дел од нашиот национален идентитет со кој се гордееме во демократска Европа. Македонските граѓани се определени за членство во ЕУ, но провокации кои ги повредуваат нашите чувства како граѓани ја загрозуваат таа определба, вели Ковачевски во своето обраќање.

Премиерот вели дека Република Северна Македонија е суверена држава и имаме должност да го чуваме нашето достоинство. Тој верува дека треба да продолжи дијалогот и унаредување на односите меѓу двата народи до конечно решавање на спорот.

-Но, за тоа да биде успешно, ниедна од страните не смее да прави чекори назад. Не смееме да дозволиме постојано враќање кон минатото и потези кои значат еднодневна политичка корист, а долгорочна штета на кревките односи кои ги градиме, стои во обраќањето на Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот