ВИДЕО | Костовски: Собранието треба да биде синоним за демократија, но гледаме несериозност и неодговорност од опозицијата

Имавме дијаметрално спротивни ставови со опозицијата во нашата обврска да се донесе буџетот. Дефинитивно многу пати и на Комисиската расправа, па и на Собраниската расправа, потенциравме дека распределбата на буџетот е за заздравување на економијата од пандемијата, за спроведување на важните реформи поврзани со ЕУ. Опозицијата целиот овој период се однесуваше крајно неодговорно, арогантно и несогласно со тоа како треба да се однесува една опозиција во Законодавниот дом, изјави во Утрински брифинг пратеникот од редовите на СДСМ во Собранието на Република Северна Македонија, Мартин Костовски.

-Вчера на дело се покажа некооперативноста и неодговорноста на опозицијата кога заминаа пред гласањето на буџетот. Нормално дека Собранието треба да биде синоним за демократија, но овде гледаме несериозност и неодговорност. Во време кога ковид-19 секаде коси низ светот опозицијата се однесува неодговорно. Одредени пратеници се обидуваат да го деградираат Собранието и прават циркус за граѓаните, вели Костовски и додава дека сериозноста се гледа во моментите каде партиите треба да имаат цврст став за продолжувањето на континуираниот развој на државата.

Целиот разговор со пратеникот Костовски погледнете го во видеото: https://www.youtube.com/watch?v=BcEEQSss_kE

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот