ВИДЕО | Костовски: Мнозинството е кревко, владата е подлежна на уцени

На македонската политичка сцена стана вoобичаено, најчесто што ќе кажат од редовите на СДСМ да не е вистина па така и овој пат, станува збор за лага која што е лесно проверлива. ВМРО – ДПМНЕ не ја почна кампањата како што велат и ги нема истакнато своите кандидати за градоначалници. Tечат внатрепартиските подготовки за локалните избори, изјави пратеникот Дарко Костовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него ВМРО – ДПМНЕ во минатото била фронтмен по однос на начините како се стига до одредена позиција.

-Тоа е начин на кој што се мерат рејтинзи на одредени личности кои би можело да бидат потенцијални кандидати за градоначалници и тој што најмногу се истакнува ја добива довербата, вели Костовски додавајќи дека тоа е показател дека ВМРО – ДПМНЕ е народна партија која е во постојана комуникација со граѓаните.

-Директно и индиректно, практично народот преку овој метод сам си го бира идниот кандидат, вели за УБ Дарко Костовски од ВМРО – ДПМНЕ, кој додава дека во оваа фаза од подготовките течат анкетите со како што посочи жестока динамика.

Во однос на состојбата со владината коалиција и владиното мнозинство вели дека тие и замите не вериваат во ваквото мнозинство, во моментов имаат еден или двајца пратеници над 60 со што доколку дојде до тоа некој да излезе од ова мнозинство Владата паѓа. Тоа значи дека мнозинството е подложно на уцени, а тоа не е добро за млада демократија како нашата, вели Костовски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот