ВИДЕО | Костова: Заев ќе ја зајакнува лојалноста во СДСМ и коалицијата, Мицкоски во потрага по кревко парламентарно мнозинство

Јадранка Костова / Утрински брифинг

Мислам дека во вториот круг се е можно. Победата во првиот круг е на ВМРО – ДПМНЕ и по бројот на гласови и по бројот на градоначалнички места. ВМРО-ДПМНЕ всушност не победи туку ја искористи загубата на гласови на СДСМ. Не смееме да не забележиме и дека и ВМРО изгуби многу гласови, околу 50 илјади и сега мислам дека и тие треба да се запрашаат каде потфрлиле, рече за Утрински брифинг Јадранка Костова.

Ние не можеме да нагаѓаме, кој и да ги повика граѓаните, што тие ќе заокружат зад параванот. Тука е и битката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, мислам дека СДСМ погреши што не го поддржа Максим Димитриевски во Куманово, додава таа.

-Клучното сега е каде би оделе гласовите на зелените, по мое тие порано беа гласачи на СДСМ. Во вториот круг очекувам уште пониска излезност бидејќи дел од оние партии кои не успеаја да влезат можеби и нема ни да излезат да гласаат во вториот круг, вели Костова.

И на ДУИ и на СДСМ многу им е важна коалициската поддршка, но не може со сигурност да се типува што ќе се случува на денот на гласањето.

По локалните избори не се исклучуваат сите можности мегу кои и формирањето ново парламентарно мнозинство. Тетово е многу важно и за двајцата коалициони партнери на СДСМ – и за ДУИ и за БЕСА. Безмалку Тетово е главен град на албанските партии и им е многу важен. Секако дека по вториот круг ќе има разочарување. Мислам дека од резултатот во Тетово ќе се предизвика одредено бранување, вели Костова.

-Новото мнозинство е можно но и да се случи не очекувам тоа да биде големо и во тој случај ништо нема да се смени остануваме на истата позиција, вели за Утрински брифинг новинарката и аналитичар за Фокус, Јадранка Костова.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Видео на денот