ВИДЕО | Костиќ го реши италијанското дерби, важна победа на Јувентус во битката за ЛШ

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Вечерниот термин од 27-то коло денес ни го донесе големото дерби помеѓу Интер и Јувентус кое на крајот заврши со минимална победа на „старата дама“ од 0:1.

Во еден натпревар во кој не видовме многу посериозни прилики моментот на одлука беше во 23-тата минута кога во листата на стрелци се запиша Филип Костиќ. Имаше еден спорен момент и ВАР прегледуваше дали пред постигнувањето на голот имало игра со рака, но по четириминутниот прекин се донесе одлука голот да важи.

Со овој триумф Јувентус дојде до 41 бод, Аталанта има 45, Рома 47, а Милан во топ четири има само седум бода повеќе од „старата дама“. Интер од друга страна остана трет со 50 бодови, два помалку од Лацио.

Во овој натпревар за првпат повик во тимот на Јувентус доби Никола Секулов од младинскиот термин на „старата дама“, но вечерва не доби минутажа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот