ВИДЕО | Костадинова-Стојчевска: Вработените во високото образование ќе добијат 10 отсто повисоки плати од септември

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува со вистинска грижа за образованието и наставниот кадар.

За првпат е потпишан Колективен договор меѓу Министерството за образование и Самостојниот синдикат за образование и наука на кој се приклучи и Независниот академски синдикат.

Со овој Колективен договор веќе од септември, вработените во високото образование ќе добијат покачување на платите за 10 отсто, а ќе им биде исплаќан и минат труд кој само некои од установите го исплаќале досега.

Колективниот договор ги нормира и унапредува правата на работен однос во секторот високо образование и наука меѓу кои: вработување, унапредување, право на годишен одмор, право на платено и неплатено отсуство, право на отпремнина, заштита од отказ, услови за парична помош, синдикална организација.

Во договорот се дефинира и начин за пресметување на платата, кој се темели на степенот на сложеност и одговорност на работното место, изразен како коефициент во однос на просечната државна плата.

Со ова се обезбедува систем на валоризација, но и континуиран раст на платата, која ќе расте заедно со просечната плата. Дополнително, во основната компонента на платата, ќе се исплаќа и минат стаж.

Со вклучувањето на Независниот академски синдиката во колективниот договор, за првпат во 30 години независна држава, професорите директно преговараа за своите права со Министерството без посредство на раководните структури на државните универзитети.

Овој Колективен договор е потврда за грижата на институциите кон високото образование, но и пример за успешно партнерство меѓу Министерството и професорската фела.

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерки и политики кои значат вистинска грижа за граѓаните, за наставниот кадар, изјави Бисера Костадинова Стојчевска, пратеничка на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот