ВИДЕО | Костадинов: Ако на Мицкоски му треба дополнителна гаранција ние ќе ја поддржиме резолуцијата

Костадин Костадинов / Фото: Принтскрин

Апсолутно нема потреба од отвoрање или измени на Уставот во овој момент, во таа смисла тоа значи дека апсолутно отфрлено е укажувањето на една политичка партија. Во однос на резолуцијата која што преку вас медиумите се информиравме дека ВМРО – ДПМНЕ ќе ја поднесува апсолутно се уште нема правно – формално ништо доставено до Собрание, до пратениците, изјави во УБ пратеникот од редовите на СДСМ и портпарол на партијата, Костадин Костадинов.

-Од она што можевме да го видиме преку медиумите во делот на текстот за нас е прифатлив. Иако за нас ставовите се веќе познати и за домашната и за меѓународната јавност дека црвените линии се јасно поставени. Разговори околу македонскиот идентитет и македонскиот јазик немало, нема ниту ќе имаво иднина, вели Костадинов.

-Дополнително доколку на Христијан Мицкоски и на ВМРО – ДПМНЕ им треба некаква гаранција нека го достават предлогот во Собрание секако согласно Уставот ние ќе ја прифатиме, тоа е нашиот став… Ќе повторам во НАТО влеговме како Македонци, кои што зборуваат македонски јазик, тоа ќе биде исто и со ЕУ, додаде Костадинов.

Интегралниот разговор со Костадинов погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот