ВИДЕО | Коста Петров: Идејата е важна, но поважна е нејзината имплементација

Коста Петров

Се работи за повик за кофинансирани грантови, за грантови за технлошки развој за забрзан економски раст. Ова на еден начин е екстензија на повикот од април минатата година. Вредноста на тој повик беше три милиони евра, на овој шест милиони евра. Зголемена е и сумата за кофинансирање- за микро компаниите кофинансирањето е до 70% од вредност на проектот, но не повеќе од 2,5 милиони денари, за мали исто така до 70%, но не повеќе од 5 милиони денари, и за средни е до 60% кофинансирање, но не повеќе од 10 милиони денари.

-Целта на овој повик за кофинасирани грантови е да им помогнеме на компаниите да се адаптираат на една нова економија. Факт е дека дигитализацијата, технолошкиот развој е клучен за развој на компаниите во постковид економијата, така што ова е еден наш придонес за адаптирање на компаниите за внесување на нови трендови, за дигитални репшенија, бидејќи кризата покажа дека мора брзо да се менуваме, за да бидеме компетентни кога ќе заврши кризата, изјави во Утрински брифинг, директорот на ФИТР, Коста Петров.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот