ВИДЕО| Косовските „Росу“ ја блокираа Северна Митровица, повеќе од 200 специјалци влегоа во градот

принтскрин јутјуб

Повеќе од 200 вооружени специјалци на косовската полиција, придружувани од оклопни возила, вечерва од Јужна Митровица влегле во Северна Митровица и го блокирале целиот град

Специјалците се распоредија низ градот и ја блокираа цела Северна Митровица.

Според Косово онлајн, припадници на косовската полиција фрлиле и две шок бомби.

Граѓаните на Северна Митровица се собираат на улиците, тензично е, но без инциденти.

. По овој повод директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, најави вонредна прес-конференција за 23 часот

Портпаролот на Владата на Косово, Перпарим Крејзиу, вечерва за Радио Слободна Европа изјави дека на северот на Косово е испратена „само полиција“, демантирајќи ги медиумските извештаи во Србија дека специјалните единици биле испратени на северот на Косово.

Косовската полиција најави дека во наредните денови ќе го зголеми присуството на север поради зголемените инциденти во тој регион каде живее мнозинската српска заедница.

„Се работи само за полицијата, не за која било друга единица“, изјави тој за РСЕ.

Министерот за внатрешни работи на Косово Џељаљ Свечља на Фејсбук напиша дека полицијата има мандат и задача да обезбеди безбедност, да го гарантира редот и владеењето на правото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот