ВИДЕО: Косовскиот вицепремиер и главен преговарач во Охрид доби торта и милкшејк в лице

фото: Фејсбук/колаж

Активисти на опозициската Социјалдемократска партија денеска фрлија торта и милкшејк кон Бесник Бислими, вицепремиерот на Косово и главен преговарач во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Претседателот на Социјалдемократската партија, Дардан Молиќај, на Фејсбук објави видео од овој инцидент, со порака – колач и милкшејк за „Заедницата“, мислејќи на Заедницата на српските општини (ЗСО) – една од главните пречки во постигнувањето договор за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

На видеото се гледа како Бислими го гаѓаат со торта и милкшејк додека влегувал во зградата.

„Оние кои го прифатија (договорот во Охрид) се радуваат. А ние, граѓаните на Косово, ќе се спротивставиме на тоа и масовно ќе бараме нивна оставка“, изјави Молиќај.

Тој изјави дека ќе организира протест оваа сабота, на 25 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот