Фото: Screenshot/FB

ВИДЕО | Косовски коментатор го навреди премиерот на дербито Јувентус – Интер, па беше заменет на полувреме

Бизарен инцидент се случи во текот на преносот од натпреварот помеѓу Јувентус и Интер, а во центарот на вниманието се најде косовскиот коментатор Андлин Локај.

Во текот на поздравувањето на екипите Локај искоментира:

 „Се надевам дека нашиот премиер не гледа вечерва. Тој ајван (животно) е најлошиот премиер во историјата на човештвото“.

Ваквиот испад на Локај стана вирален на социјалните мрежи, а брзо реагираше и телевизиската куќа. Локај до полувремето го пренесуваше дербито во Серија А, за потоа да биде заменет.

Исто така, телевизијата објави извинување до косовскиот премиер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот