ВИДЕО: Кошмарно патување во Јужна Кореја, се отвори врата од авион среде лет, патниците во паника

Се отвори вратата од авион среде лет/Фото: Твитер

Авион на Азијана ерлајнс безбедно слета денеска во јужнокорејскиот град Даегу, откако вратата од авионот се отвори непосредно пред да пристигне на аеродромот, изјави портпаролот на компанијата.

Авионот слетал на аеродромот Даегу околу 12:40 часот по локално време откако полетал еден час порано од островот Џеџу, според распоредот на летови на аеродромот.

Во инцидентот нема повредени, но некои патници се пренесени во болница со проблеми со дишењето поради шокот, изјави портпаролот на компанијата.

Девет лица се префрлени во блиската болница, изјави претставник на противпожарната служба во Даегу.

Портпаролот на Азијана ерлајнс рече дека властите истражуваат како се отворила вратата.

„Полицијата го истражува инцидентот откако патник, кој седел во близина на излезот за итни случаи, рече дека ја допрел рачката “, рече службеникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот