ВИДЕО: „Кошмарен“ старт за Јувентус, поништен гол на Роналдо во 94 минута

Фудбалерите на Јувентус ремизираа во првото коло во Серија А со Удинезе (2:2), додека Болоња ја совлада Салернитана со 3:2.

Во петокот и официјално започна новата сезона во најсилното италијанско првенство, а веќе на третиот ден имаме големо изненадување.

Јувентус на гостувањето во Удине одигра само 2:2, во составот на домаќините не беше македонскиот репрезентативец Илија Несторовски кој и натаму не е 100% подготвен за настап.

Кристијано Роналдо, првата ѕвезда на „Старата дама“ не сакаше да игра од првата минута, по што се кренаа шпекулациите за негово заминување летово. Но, тренерот Алегри го внесе во игра Португалецот од 60 минута.

Во првото полувреме фуриозен старт имаше Јуве стрелајќи уште во третата минута со погодокот на Дибала, а истиот играч асистираше во 23 минута, а голот беше дело на Квадрадо.

Домаќините намалија преку Перејра од пенал во 51 минута, а во 83 минута Деулофеу го постави конечниот епилог.

Во 94 минута Роналдо успеа да постигне гол за голема радост кај неговите соиграчи, но после прегледувањето на ВАР снимката, истиот беше поништен од главниот судија поради офсајд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот