ВИДЕО: Корупцијата води до директни жртви, не смееме да дозволиме политичарите да се мешаат во истрагата

Рикардо Валадас, претседател на Советот на европски синдикати

Корупцијата е присутна во сите земји, а единствен начин таа да се сузбие е преку транспарентност и одвојување на трите власти, вели во интервју за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ првиот човек на Советот на Европски синдикати, Рикардо Валадас.

Најавивте нова стратешка програма CESP 2025. Што предвидува та и што значи за полициските службеници?

– CESP 2025 е стратешка програма која ние ја градиме последните три години откако зборувавме со поголем дел од полициските службеници во европската околина и ги идентификувавме главните проблеми на тие полицајци со цел конечно да воспоставиме или барем да се обидеме да воспоставиме рамноправен систем помеѓу полициските службеници на европскиот континент. Проучивме и изградивме европски полициски Статут и ние веруваме дека полициските службеници треба да се сметаат за еднакви околу групата држави кои ја сочинуваат Европската Унија, а нормално ние гледаме многу различни аспекти на полициската работа, полициските права и однесувањето на полициските службеници во ЕУ. Па затоа ова е пат кој ние го имаме изградено кон почовечка полициска служба која им служи на луѓето, ги заштитува луѓето и пред се ги заштитува правата на луѓето, затоа што тука е базирана демократија, тоа е нашeто верување за што е демократија и затоа тоа е нашата програма. Многу тензична, но се индентификува околу сите аспекти кои мислиме дека се важни моментално.

Споменавте разлики помеѓу полициските службеници во различни држави. Колку се почитуват нивните права во Северна Македонија во споредба со сите други европски држави?

– Една од нашите функции во CESP е, не само да изградиме пат, туку и да ги следиме однесувањето и тоа како државата се однесува со полициските службеници, како се оценувани во подемократски систем. Одблиску ги следевме полициските службеници тука во Северна Македонија и заедно со претседседателот на МПС Марјан Кицев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тие се социјални партнери на Владата и знам дека имаат потпишано нов колективен договор, знам дека се во насоката која ние во CESР ја оценуваме за вистинската насока. Сметам дека ова се чекори кои мораат да бидат направени, иако луѓето мислат дека се мали, има уште повеќе чекори кои мораат да бидат направени, силно сум уверен дека ова е вистинскиот пат и за кратко време ќе видиме повеќе права, зголемување на платите, зголемување на моќта на постигнувањата на полицајците, на тоа се надеваме. Мислам дека има голем напор и голем баланс помеѓу владата и МПС, главно поради двете личности кои ги споменав и мислам дека ова е вистинскиот пат.

А колку полициските службеници ги почитуваат човековите права – какви се вашите анализи

– Ние во CEST веруваме во Европа со еднаквост и тоа е нешто од кое не се одрекуваме, ние сме организација која соработува со Обединетите Нации, со Европските организации и Советот на Европа и јас сметам дека единствениот начин на кој полициските службеници треба да бидат присутни во нашето општество е за да ги штитат луѓето. Тоа е единствената функција која ја имаме. Мораме да ги штитиме луѓето со цел да се донесе баланс (кочница и рамнотежа) кон општество кое се базира на човековите права. Да преформулирам, веруваме дека човековите права се нешто кое полициските службеници мора да го имаат како свој идеал, тоа може да се достигне со подобра формација, подобра едукација и подобра селекција. Грешки се прават низ целиот свет, скорешните случаи во Соединетите Држави, тие имаат многу напреден демократски систем. Затоа мислам дека решението е секогаш во синдикатот, во блиското набљудување на полициските службеници и така ние ја добиваме почитта од луѓето. Ние постоиме за да им служиме на луѓето, постоиме за да и служиме на демократијата и е недозволиво ние како техничари за безбедност да не можеме да ги заштитиме луѓето. Не сакам да зборувам посебно за државите бидејќи тоа што го гледам во Македонија го гледам и во други земји исто така. Неодамна во Португалија имаше проблеми со агресија но, ние го имаме исто така и спротивното. Има и агресија против полициските службеници, тоа е исто нешто кое не смее да биде дозволено, бидејќи служиме за баланс, правда и да им служиме на останатите тоа е нашата посветеност.

Во земјава има повеќе поделени полициски синдикати. дали е тоа случај и во земјите од Европската Унија?

– Мислам дека е нормална состојба во демократијата, кога лицата се незадоволни, тие можат да одат на друго место, јас нормално ќе кажам дека е грешка, но не е грешка да се изградат повеќе синдикати. Но кога имаш синдикат како, на пример во Северна Македонија, синдикат кој работи кон прогрес, го има најдено проблемот и достигнува резултати, aко не си задоволен од членовите, кандидирај се за член, нема потреба од градење други синдикати. Има држави во ЕУ со повеќе од 20 синдикати за еден полициски кор, една полициска институција, тоа се премногу бидејќи тие нормално влегуваат во конфликт едни со други, а зад нив ги оставаат правата на полициските службеници и едниствениот начин на кој можеме да бидеме споени да ги заштитиме и луѓето, но и полициските службеници и да им ги подобриме правата како фундаментален дел од демократското општество.

Кој може да членува во CESP? Само репрезентативните или секој синдикат кој ќе побара?

– CESP воведува само по еден синдикат за државата и работата на тој синдикат е да ги претставува сите полициски службеници на таа држава, независно дали се во синдикатот или не, на пример во Северна Македонија тоа е МПС, тие се репрезентативни на сите полициски службеници дури и ако се дел од друг синдикат или воопшто не се во никаков синдикат, бидејќи главната цел на МПС е да ги заштитува полициските службеници во Северна Македонија. Еден е репрезентативен за една држава и CESP го одбра МПС за синдикат кој ги претставува сите полициски службеници во нашиот Совет.

Што се презема за да се спречи корупцијата во полициските редови?

– Корупцијата е како правата на полициските службеници, тоа е ендемичен проблем за целиот свет. Не е нешто од тука, Северна Македонија, ниту од некој специфичен регион, тоа е нешто што доаѓа од нас луѓето, доаѓа со нас…. Кога држам предавања за корупција или за финансискиот систем или пак насилниот криминал, тоа го правам за да доловам нова перспектива, бидејќи корупцијата е многу голем проблем. Не е многу осуден криминал низ цела Европа, не е социјално осуден бидејќи луѓето мислат дека корупцијата не води до никакви директни жртви. Да води. Гладните кои ги имате во државите, сиромашните услови во здравствениот и едукативниот систем, тоа се жртвите од корупција. Единствениот начин на кој мислиме дека можеме да се бориме со корупцијата е да имплементираме транспарентни правни системи, многу силен закон кој дава сила на судиите и на полициските службеници да делуваат над тие лица. И многу е лесно, само треба да се имплементира трипартидниот систем на демократијата, да се оддели законодавната од извршната и од судската сила, сите тие три сили измислени од француски философ во 18тиот век се силите кои ја градат демократијата, основата на демократијата, ако ги имате тие три сили одделени, но во комуникација имате чиста демократија и тука е скоро невозможно да дојде до акт на корупција без да се детектира. И понатаму е прашање на едукација, на пример одите во држава каде сите улици се нечисти, првиот акт е да се вработат повеќе лица што ќе ги чистат улиците, ноа не е вистинскиот начин, вистинскиот начин е да се едуцираат луѓето дека ѓубрето не треба да го фрлаат на улица. Корупција не е нешто само на Балканот, имаме корупција низ целиот свет, имаме примери од секаде и ние примарно, не смееме да им дозволуваме на политичарите да се мешаат во истрагата, тоа е нешто приоритетно во било која демократија. Судскиот систем е независен, законодавниот систем е независен и извршниот систем е независен. Сега не е совршено, но има земји кои веќе постигнале добри резултати, држави кои се на тој пат затоа, верувам дека тоа е патот.

За крај една генерална оценка за полициските состојби во земјава.

– Северна Македонија страда од истите ендемични проблеми од кои страдаат сите полициски службеници низ цела Европа, со пониска или повисока оцена. Ниските плати, големите ризици кои ги преземале без да добијат никакво признавање од општеството, тоа е нешто кое го живееме моментално. Живееме во систем… живееме во уникатно време на нашето постоење, последниве 20 години беа многу драматични со промените на начинот на кој граѓаните реагираат на судскиот или полицискиот систем, ако направиш нешто погрешно сите доаѓаат по тебе, ако некој слика полициски службеник кој прави нешто погрешно значи дека сите се исти.. Затоа мислам дека патот како што кажав на МПС, на претседателот Марјан Кицев со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски тоа е вистинскиот пат кон по модерна полиција, полиција која ги заштитува човечките права и сите граѓани. Граѓаните мораат да сфатат дека полицијата е нешто фундаментално, нешто што е тука за да помогне, да биде тука за нас. Не е нешто од кое треба да се плашиме, ние не веруваме во таква полиција, веруваме во демократска полиција и сметам дека со вистинските социјални партнери и многу социјален дијалог може да биде возможно да имаме по модерна полиција во Северна Македонија и ние во CESP. Мислам дека човековата цивилизација не е ништо повеќе од солидарност меѓу државите и луѓето, затоа истото ќе се случи со CESР и МПС и државата Северна Македонија. Ние сме тука да служиме, само за тоа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот