ВИДЕО: Кортни Кокс се пофали со совршено организирана кујна: Инспирирана од нејзиниот лик Моника од „Пријатели“

epa-efe
epa07214091 US actress Courteney Cox arrives for the world premiere of the film Dumplin' at the TCL Chinese 6 Theaters in Hollywood, California, USA, 06 December 2018. The movie opens on Netflix and in select theaters 07 December 2018. EPA-EFE/NINA PROMMER

Инспирирана од Моника од серијата „Пријатели“, која е опседната со уредност, актерката Кортни Кокс објави кратко видео на Инстаграм, во кое се гледа перфектната организација која очигледно ја „наследила“ од својот лик.

Сè си има свое точно место, а се забележува и дека сите елементи во нејзината кујна се распоредени според големината и според видот на намирниците.

Ликот на Моника во серијата е полн со енергија со изненадувачко ниво на уредност и организација, а другите ја сметаат за „мајка“ на групата пријатели. Таа е практична и секогаш подготвена да помогне, како и да им даде корисни совети на своите пријатели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Courteney Cox (@courteneycoxofficial)

Во своето видео, Кортни ги покани обожавателите да се приклучат на трендот кој неодамна започна на социјалната мрежа „ТикТок“ и да покажат зошто и тие се Моника.

Кажи ми зошто си Моника, без да го кажеш тоа. Еве јас ќе го направам тоа прва“, се пошегува во видеото 56-годишната Кортни.

Кокс првично требала да го игра ликот на Рејчел, но улогата сепак на крај ѝ припадна на Џенифер Анистон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот