ВИДЕО: Кореа режираше пресврт на Интер против Верона

Интер го задржа максималниот учинок во новата сезона во Серија А/ фото: EPA-EFE/EMANUELE PENNACCHIO

Актуелниот шампион во Серија А, Интер ја оствари и втората победа во второто коло од новата сезона откако како гостин ја совлада Верона со 3:1.

Инсистирањето на новиот тренер на Интер, Симоне Инзаги да му се донесе Хоакин Кореа, се покажа како исправно на вечерашниот натпревар на кој „неразурите“ славеа со пресврт.
Аргентинецот е најзаслужен за победата на Интер постигнувајќи два гола, првиот во 83. Минута, а вториот во судиското продолжение.

Претходно, Верона поведе во 15. минута со голот на Иван Илиќ и предноста ја зачува во првиот дел. Но, веќе на стартот од второто полувреме, Лаутаро Мартинез во 47 минута носи израмнување по што во финишот на сцена стапи Кореа кој ги даде двата гола за шампионот.

Во вториот натпревар, Удинесе со головите на Пусет, Делофеу у Молина славеше со 3:0 над Венеција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот