ВИДЕО| Копнен продор на Украинците, американски Химарс уништи воена колона во Русија
Четврти ден од борбите во руската област Курск. Русија ги обвини украинските војници дека во вторникот ја преминале границата во областа Курск и започнале масовна офанзива. Таа вчера вечер прогласи вонредна состојба во областа Курск.
„Геолокацираните слики покажуваат дека украинските сили продолжиле брзо да напредуваат во Курската област и наводно се присутни во области оддалечени 35 километри од меѓународната граница со областа Суми“, објави Институтот за проучување на војната (ISW) во својата најнова анализа.
Tactical Update 🧵(1/12)
Geolocated footage and Russian claims indicate that Ukrainian forces continued rapid advances further into Kursk Oblast on August 8, and Ukrainian forces are reportedly present in areas as far as 35 kilometers from the international border with Sumy… https://t.co/9dC8Fg0eDe pic.twitter.com/krehj0KL6c
— Institute for the Study of War (@TheStudyofWar) August 9, 2024
Валери Герасимов, началникот на Генералштабот на руската армија, ги игнорирал предупредувањата на разузнавачките служби дека украинските трупи се концентрираат во близина на границата со Курската област, објави Блумберг, цитирајќи извор близок до Кремљ. Герасимов наводно бил информиран за концентрацијата на трупите на Украинците пред две недели. Извори од Кремљ тврдат дека Путин бил многу бесен поради овој превид на рускиот генералштаб.
По упадот, Герасимов преку видео-врска ги уверувал членовите на рускиот Совет за безбедност дека напредувањето на украинските војници кои навлегле длабоко во регионот Курск е запрено. Според Герасимов, „непријателските загуби“ изнесуваат 315 лица, уништени се 54 оклопни возила, вклучително и седум тенкови.
Додека Герасимов зборувал за украинските загуби, камерата го снимила лицето на Путин.
Watch Putin’s face while Gerasimov speaks
‘Ukrainian forces lost 54 armored vehicles and 7 tanks in the Kursk attack.’ pic.twitter.com/s5nvxjRgRo
— OSINTNic (@OSINTNic) August 7, 2024
Во меѓувреме, на социјалните мрежи се шири видео за наводен напад на американски високомобилен артилериски ракетен систем М142 или ХИМАРС, врз руска воена колона во областа Рилск во Курск, 30 километри источно од украинската област Суми.
„Руски воен конвој е уништен од ударот на украинските ракети ХИМАРС во близина на селото Октјабрскоје во областа Рилски на Народната Република Курск“, напиша украинскиот новинар Јуриј Бутусов на Телеграм. „Видеото беше објавено од руските новински канали. Тоа е маестрално дело на украинската разузнавачка служба длабоко во заднината на трупите на Путин, напишал украинскиот новинар.
👀 Oktyabrsk, Rylsk District, Kursk Region
Russian column on fire 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/KHUZTNusiK
— MAKS 24 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) August 8, 2024