ВИДЕО: Конте се израдува на веста дека Мурињо доаѓа во Рома

принтскрин/твитер

Фудбалска вест број еден во Италија во текот на вчерашниот ден беше веста дека Жозе Мурињо ќе биде нов тренер на Рома, а реакциите не стивнуваат ниту денеска.
Мурињо доаѓа на местото на Пауло Фонсека кој по завршување на сезоната ќе си замине од „Олимпико“.
За многумина оваа вест претставуваше големо изненадување, но речиси на сите им се допадна. Меѓу нив е и Антонио Конте кој со Интер успеа да ја прекине деветгодишната доминација на Јувентус.
На социјалните мрежи се појави видео со реакцијата на Конте, тој прво не поверува во веста, но потоа новинарот му ја покажа официјалната објава на Рома дека Мурињо ќе биде нивен тренер од следната сезона.
– Дали потпиша? Да? Тоа се фантастични вести за сите. Му посакувам се најдобро, освен кога ќе игра против Интер – низ насмевка рече Конте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот