фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

ВИДЕО | Консеисао му донесе радост на Јувентус во дербито против Интер

Фудбалерите на Јувентус ја продолжуваат победничката серија. Избраниците на Тиаго Мота го совладаа Интер со 1:0 во дербито од 25. коло на Серија А, а стрелец на решавачкиот гол беше Франциско Консеисао во 74 минута.

Со нови три бода, „црно-белите“ се искачија за едно место во поредокот и сега се четврти, додека Интер ја пропушти можноста да „скокне“ над Наполи и да го искористи вчерашниот кикс на клубот од Неапол. Вака редоследот останува ист на првите три позиции, Наполи, Интер, Аталанта, додека Јувентус сега е четврти пред Лацио.

Интер влезе во дербито во Серија А многу подобро и поподготвено. Изгледа дека играчите на Симоне Инѕаги знаеја што сакаат уште од самиот почеток, а Тареми пропушти огромна шанса во 19. минута. Напаѓачот на Интер шутираше фантастично, но голманот на Јувентус беше уште подобар.

До крајот на првото полувреме, Димарко и Дамфрис и понатаму пропуштаа можности, а од друга страна Консеисао и Коло Муани беа најблиску до предност на Јувентус. По 45 минути игра статистиката беше на страната на Интер, кој овој период го заврши со поголем посед на топка 61:39. Клубот од Милано имаше 13 удари, Јувентус седум, од кои два кон противничкиот гол.

Интер го започна второто полувреме исто како што го заврши првото. Се редеа шанси пред голот на Јувентус, но одбраната на торинскиот клуб пружи отпор. И тогаш проработи магијата на Коло Муани.

Французинот во 74 минута со две пируети пред голот на Сомер исфрли од игра неколку играчи на Интер. Навреме го забележа Консехо, кому од 11 метри не му беше тешко да ја испрати топката во голот на својот голем ривал – 1:0. Во следното коло Јувентус ќе игра против Каљари, додека Интер ќе гостува кај Џенова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот