ВИДЕО: Конечно победа на Лејкерс без главните ѕвезди, Јокиќ блескаше против Њу Орлеанс

epa09077277 Los Angeles Lakers center Damian Jones (L) dunks the ball for two points as Golden State Warriors guard Kelly Oubre Jr. (R) looks on during the first half of the NBA basketball game between the Los Angeles Lakers and the Golden State Warriors at Chase Center in San Francisco, California, USA, 15 March 2021. EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO SHUTTERSTOCK OUT

Актуелниот шампион ЛА Лејкерс ја прекина серијата од четири порази по ред и конечно успеа да слави на еден натпревар на кој игра без повредените ѕвезди на екипата, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис. Лејкерси со 100:86 го совладаа Кливленд. Шампионот во третата четвртина направи серија од 14:0 со која дојде до двоцифрена предност која успеа да ја задржи со крајот на натпреварот. Монтрезл Херел со 24 поени и 10 скокови беше најдобар кај Лејкерс.

Никола Јокиќ продолжува со одличните игри сезонава, и беше клучен играч во триумфот на Денвер нагетс од 113:108 над Њу Орлеанс. Денвер во последната четвртина имаше негатива од 11 поени, но успеаја да направат пресврт со серијата 24:8 на крајот да слават иако играа без најновото засилување Арон Гордон. Јокиќ беше прво име во својот тим со 37 постигнати поени, додека Мајкл Портер јуниор постигна 25 поени.

Бруклин нетс иако играше без Кајри Ирвинг и Кевин Дурент, со 113:111 го совлада Детроит пистонс. Очекувано, во отсуство на двете ѕвезди, третата Џејмс Харден доминираше на паркетот постигнувајќи 44 поени, а покрај тоа имаше и 14 скокови.

Феникс санс со 104:100 го совлада Торонто репторс иако сам си ги закомпликува работите. “Сонцата“ во последната четвртина водеа со 14 поени разика, но не постигнаа ниту еден поен во последните четири минути и тоа го искористи противникот да се приближи на 102:100 на седум секунди до крајот, но беа непрецизни и Бриџис стави точка на натпреварот со офанзивниот скок.
Крис Пол и Деандре Ејтон постигнаа по 19 поени, а Паскал Сиакам постигна 26 за Торонто.

Резултати:
Детроит – Бруклин 111:113
Милвоки – Бостон 114:122
Торонто – Феникс 100:104
Шарлот – Мајами 110:105
Минесота – Хјустон 107:101
Њу Орлеанс – Денвер 108:113
Орландо – Портланд 105:112
Далас – Индијана 94:109
Јута – Мемфис 117:114
Голден Стејт – Атланта 108:124
ЛА Лејкерс – Кливленд 100:86

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот