ВИДЕО: Компаниите ги отвораат вратите за учениците од стручните средни училишта

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Навистина ми е драго што преку социјален дијалог оваа година заедно со општините, компаниите и средните стручни и технички училишта се обидуваме да усогласиме повик за нови профили за запишување на ученици во средните стручни училишта согласно потребите на реалниот сектор, изјави министерката Мила Царовска на настанот на кој присуствуваше и градоначаникот на Град Скопје Петре Шилегов, како и швајцарската амбасадорка Сибил Сутер.

– Овој социјален дијалог се одвива под мотото „работи паметно, учи стручно“, а целта е да ја вратиме довербата помеѓу компаниите и училиштата, бидејќи никогаш не можете да имате училишта со најмодерна опрема, а притоа ги имате компаниите кои располагаат со соодветна технологија која е компетентна на пазарот на труд и на тој начин ќе успееме учениците освен што ќе учат по современи програми исто така својата пракса да ја спроведуваат во компаниите. Со тоа покрај што учат на струката, учениците се стекнуваат и со знаење и запознавање на културата и динамиката на работата, додаде Царовска.

Градоначалникот Шилегов исто така изрази благодарност за можноста за спроведување на дуално образование, истакнувајќи дека на тој начин учениците навреме ќе се вклучат на пазарот на труд.

– Преку дуалното образование учениците ќе бидат стручни и ќе бидат платени на пазарот на труд. Денеска го почнуваме овој процес, а веќе од следната учебна година ќе можеме да кажеме дека учениците ја добиваат потребната пракса за во иднина да се дел од компаниите, порача Шилегов.

Министерката Царовска додаде и дека според досегашните истражувања, повеќето компании ги отвораат вратите за учениците од средните стручни училишта.

– Компаниите ги отворија своите врати и нашите истражувања со 400 компании кои ги направивме изминатиот период, покажуваат резултати дека 85 проценти од нив дозволуваат или се спремни да ги вклучат учениците во дууално образование во својта компанија или да им овозможат пракса. На овој начин во наредната учебна година ќе запишеме учленици во профили кои реално им се потребни на компаниите и ќе овозможиме млади луже веднаш по завршувањето на средното стручно образование директно да се вклучат на пазарот на труд, заклучи Царовска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот