ВИДЕО: Компаниите бараат консултантски услуги за да преживеат

Данчо Димков претседател на Асоцијацијата на менаџмент консултанти и МКА 2000, во разговор за Утрински  брифинг вели дека ковид кризата има големо влијание врз работењето на фирмите, и ако порано се барале консултантски услуги за прогрес на  компаниите, денес веќе тоа е сведено на барање спас и начин за опстанок.

-Компаниите имаат потреба од консултанти, сепак некои одлучуваат да не ангажираат менаџмент консултанти а со тоа прават грешки од кои учат. Тоа е потешкиот пат за успех. Ако консултантот може да помогне да се добијат нови пазари кои би ги дуплирале приходите на една фирма, тогаш е занемарлива цената на консултантската услуга, смета Димков.

Тој нагласува дека во време на економска криза компаниите имаат најголема потреба од консултантски услуги.

-Буџетите на компаниите се значитело намалени, а за да се ангажира консултатнт потребни се средства. Ние како консултанти тоа го разбираме и се обидуваме колку што е  можно повеќе да покажеме етика при работењето и да им излеземе  во пресрет. Ако порано компаниите бараа совети за да напредуваат, сега разликата е во тоа што бараат совети за да опстанат,  вели Димков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот