ВИДЕО: „Комити“ приредија спектакл пред дербито Вардар-Пелистер

Фото: Принтскрин/facebook.com/KomitiZapad87

Целта на навивачката група „Комити“ се остварува и нивната акција „Купи билет за спас на ФК Вардар“…

Вечерва верните фанови на овој клуб со спектакл го најавија дербито во Првата македонска лига против битолски Пелистер.

Тие направија факлијада, со песни ги поздравија играчите на Вардар и секако на тој начин ги мотивираат пред следните предизвици.

Токму по повод успешната акција денеска се собраа популарните „Комити“ кои вчера на социјалните мрежи објавија дека се продадени 30.000 влезници.

Потсетување дека натпреварот ќе се игра в недела од 14.00 часот, а секако желбата на навивачите на Вардар е победа. На видео записот можете погледнете како сето тоа изгледаше:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот