ВИДЕО: Комичен автогол на голманот на Велс

Голманот на Велс си даде комичен автогол/ фото: EPA-EFE/Martin Divisek

Чешка и Велс одиграа 2:2 во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар, а натпреварот го одбележа киксот на голманот на гостинската репрезентација Дени Ворд.

Велс поведе со голот на Арон Ремзи во 36 минута, но Чешка успеа да израмни во првиот напад откако тргна од центарот преку Пешек.

На стартот од вториот дел Чесите дојдоа до пресврт и тоа благодарение на комичниот автогол на голманот на Велс, Дени Ворд.
Ремзи ја врати топката до Ворд кој реагираше комично, ја промаши топката и потоа заврши со неа во голот.
Велс сепак успеа да се спаси од пораз благодарение на голот на Џејмс во 69 минута.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот