ВИДЕО | Колега на новинарот убиен во Украина: Сакавме да снимаме бегалци

Фото: Твитер/принтскрин

Колега на убиениот американски новинар Брент Рено, Хуан Диего Херера Аредондо, кој е ранет во нападот, даде куса изјава додека го прегледувале украинските лекари.

На снимката, Аредондо, кој исто така се претставува како Американец, вели дека не знае дали Брент е жив, но видел дека тој бил погоден во вратот.

-Го поминавме првиот мост. Видовме бегалци и тргнавме по нив. Ни беше понуден првоз до вториот мост каде требаше да снимаме бегалци. Почнаа да пукаат кон нас. Возачот сврте, видов дека Брент е погоден. Не знам како е, се разделивме, вели новинарот, кој е ранет во ногата.

Американскиот новинар Брент Рено загина откако руските сили отворија оган врз автомобил во движење во близина на Ирпин. Неговата смрт ја потврди шефот на регионалната полиција.

Иако во јавноста се појавија информации дека тој е новинар на Њујорк Тајмс, од медиумот се огласија истакнувајќи дека тој во Украина не бил на задача за Тајмс.

-Со големо жалење ја примивме веста за смртта на Брент Рено. Иако порано многу придонесе за работата на Њујорк Тајм, тој не беше на задача во Украина за Тајмс. До забуната е дојдено откако се појави фотографија од прс картичката која ја носел, а му била издадена од Тајмс пред многу години за тогашната задача, велат од медиумот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот