ВИДЕО: Кока-Кола преминува на шишиња од рециклирана пластика

Американскиот производител на газирани пијалаци Кока-Кола денеска соопшти дека на неговиот најголем пазар-САД ќе почне со употреба на шишиња целосно направени од рециклирана пластика.

Со оваа иницијатива, Кока-Кола би ја намалила употребата на нерециклирана пластика за 20 проценти во Северна Америка во споредба со 2018 година. Со префрлување на шишиња кои би биле целосно изработени од рециклирана пластика, компанијата сака да се вклучи во глобалната борба против пластичниот отпад.

Почнувајќи од февруари, компанијата ќе почне со продажба на своите пијалаци во рециклирани пластични шишиња од 400 милилитри во Калифорнија, Њујорк и Флорида и до пролет во Тексас

Во декември минатата година, здружението #breakfreefromplastic ги прогласи Кока-Кола, ПепсиКо и Нестле за трите најголеми загадувачи на пластика во светот трета година по ред.

Исто така, компанијата прави напори со цел до 2025 година, 100 проценти од примарното пакување што го продава на глобално ниво да може да се рециклира.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот