ВИДЕО: Кој може да го запре Сити, „граѓаните“ сè поблиску до светскиот рекорд!

Фото: EPA-EFE/Carl Recine/POOL

Составот на Пеп Гвардиола уште еднаш покажа зошто моментно е најсериозен кандидат за титулата оваа сезона во Премиер лигата. Вечерва на домашен терен убедливо со 4:1 славеше Манчестер сити против Вулверхемптон, иако до истата победа стигна дури во самиот финиш од средбата.

Ова е 21 триумф по ред за клубот од „Етихад“ и е на само четири победи од нов светски рекорд. На првото место во сите натпреварувања рекордер е бразилската Коритиба со 24 победи во низа, а најмногу победи по ред само во домашна лига има Бенфика во Португалија, вкупно 29.

Во првото полувреме „граѓаните“ стекнаа позитива од 15 минута кога автогол си постигна Дендонкер. Гостите изненадувачки успеаја да израмнат преку Коуди после асистенцијата на Мутињо (61`).

Домаќините ја оправдаа фаворитската улога во последните 13 минути од мечот, двапати во листата на стрелците се запиша Габриел Жезус (80`, 90+3`), а еднаш Марез (90`).

На врвот е Сити со 65 бодови, 15 повеќе од второпласираниот Манчестер јунајтед кој својот натпревар ќе го има в среда на гостувањето кај Кристал Палас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот