ВИДЕО: Кој е најдобриот на сите времиња во Ф1 – спортскиот новинар Арсов во УБ

Неблагодарно е да се дебатира кој е најдобар во Ф1. Во другите спортови тоа и би можело да се отвори како дебата, но во Ф1 е малку поинаку, вели во „Утрински брифин“ на „Слободна ТВ“ спортскиот новинар Влатко Арсов.

0Се работи за спорт каде што не се инволвирани само возачите, тука е технолошкиот напредок, правилата, различните мотори на моќност на болидите. Затоа не би се осмелил да влезам во дебата кој е подобар – Шумахер, Хамилтон, Сена- изјави Арсов.

Коронавирусот, вели Арсов, ни го украде задоволството да гледаме Ф1 надвор од Европа, со исклучок на Абу Даби и Бахраин.

-Се внесоа старо-нови трки и тоа беше некое компензирање. За следната година нема да има некое подобрување на перформансите поради замрзнување на финансиите на тимовите, изјави Арсов.

Целиот разговор погледенете во видеото: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот