Кејт Мидлтон/: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

ВИДЕО | Кој би рекол дека чантата на Кејт Мидлтон чини само 33 евра?

Принцезата од Велс уште еднаш покажа зошто се смета за една од најдобро облечените жени во светот. На венчавката на внукот на кралот Чарлс, Питер Филипс, и Хариет Сперлинг, Кејт Мидлтон се појави во елегантно издание кое комбинираше луксуз и прифатлива мода, а токму овој детаљ предизвика најголемо воодушевување кај јавноста. Питер Филипс (48), инаку син на принцезата Ана, во саботата се ожени со медицинската сестра Хариет Сперлинг на приватна церемонија во црквата „Сите Светии“ во селото Кембл во Глостершир.

За оваа свечена пригода Кејт Мидлтон избрала софистициран беж фустан од дизајнерот Роланд Муре, чија цена е околу 900 евра. Стајлингот го комплетирала со шешир изработен по мерка од британскиот бренд JTMilinery, пишува британски „ОК!“.

Сепак, најголемо внимание привлекла малата плетена чанта од австралискиот бренд „Форевер њу“, која чини само 33 евра. Токму овој додаток стана главна тема на модните портали и социјалните мрежи, бидејќи принцезата покажа дека беспрекорниот стил не мора да значи вртоглави суми.

Чантичка што „исчезна“ од полиците

Ова не е првпат Кејт да го носи истиот модел. Плетената чанта веќе беше дел од нејзиниот стил во текот на прославите на платинскиот јубилеј на покојната кралица Елизабета Втора во 2022 година. Поради добро познатиот „ефектот на Кејт“, кога модните парчиња што ги носи принцезата стануваат речиси моментален хит, чантата по нјзинито ново појавување е целосно распродадена.

Инспирација за летни венчавки

Текстурираниот плетен детаљ внел летна нота во целата комбинација и совршено се вклопил со беж тоновите на остатокот од стилот. Плетените модни додатоци се особено популарни оваа сезона за летни венчавки, градинарски забави и други свечени настани, а на пазарот сè уште има голем избор на слични, финансиски прифатливи модели.

Стилот на принцезата од Велс покажува дека елеганцијата често се крие во добро избрани детали – и дека токму наједноставните парчиња понекогаш оставаат најсилен впечаток.

ФОТО | Внукот на кралот Чарлс се ожени со медицинска сестра, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам меѓу гостите на кралската свадба

Принцот Вилијам се пошегува со Кејт: „Ни јас не знаев дека зборува италијански“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот