ВИДЕО | Кога судбината ќе си поигра: Рамос си постигна автогол поради момче кое му беше придружба во 2016 година

Фото: Screenshot

Фудбалерите на Барселона потешко од очекувањата го „скршија“ отпорот на Севиља и славеа со 1:0, трагичар за гостинскиот тим беше Серхио Рамос кој си постигна автогол.

Шпанскиот ветеран кој летово се врати во Севиља си ја затресе сопствената мрежа во 76. минута по нафрлувањето на младиот Ламин Јамал. По оваа ситуација, медиумите во Шпанија потсетија на едно „Ел Класико“ кое се играше во 2016 година.

Тогаш суперталентираниот Јамал му беше придружник на Рамос при излегувањето на теренот како дете од школата на Барселона. Со текот на времето Јамал одлично се развиваше, па сега е една од најголемите надежи на Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот